Јелена Томашевиќ доби уште една заслужена награда. 40-годишната музичка ѕвезда се закити со статуетката за Пејачка на годината од страна на Naxi Radio во Белград.
На настанот во „Театарот на Теразије“, српската пејачка изгледаше шармантно во син фустан со цветови и бело сако.
Јелена ја доби поддршката од сопругот Иван Босиљчиќ, кој ја придружуваше на свеченоста.








