Семејството на Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина ќе се зголеми за уште еден член. Српските актери го очекуваат нивното трето детенце.
Шармантната актерка ја соопшти убавата вест покажувајќи го трудничкото стомаче во фотосесија за „Journal Srbija“.


Петар и Тамара заедно глумеа во филмскиот хит „Тома“. Тамара ја глумеше Светлана, додека Петар влезе во улога на докторот на Тома Здравковиќ.
Тие стапија во брак во 2016 година и имаат две деца, ќерката Сташа и синот Лазар.

