Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвезда со големо срце: Селена Гомез му приреди роденденско изненадување на обожавател болен од рак

Ѕвезда со големо срце: Селена Гомез му приреди роденденско изненадување на обожавател болен од рак

Селена Гомез му ја исполни најголемата животна желба на обожавател болен од рак.

Славната пејачка организираше средба со својот фан Тимоти и го изненади со торта и балони за неговиот роденден.

Селена Гомез со изненадување за Тим Селена Гомез со изненадување за Тим

Тимоти има рак (синовијален сарком) во 4 стадиум кој ги има зафатено неговите бели дробови, левата нога и други делови од телото. Тој ја добил страшната дијагноза во септември 2022 година.

Тим себеси се опишува како најголем обожавател на Селена и сними видео во кое откри дека неговата најголема желба е да ја запознае музичката ѕвезда, или барем да добие каков било поздрав од неа.

Видеозаписот стигна до Селена и таа не можеше да остане рамнодушна на неговите зборови.

Погледнете го моментот на нивната средба:

„Начинот на кој ја запознав беше сосема неочекуван. Почувствував дека Селена сакаше да ме запознае како пријател, дека сакаше да ме види и да се поврзе со мене, а не да ми испрати само видео порака“ – изјавил Тим.

Селена Гомез со изненадување за Тим Селена Гомез со изненадување за Тим Селена Гомез со изненадување за Тим

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11485 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.