Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шарлиз Терон посвои момче

Шарлиз Терон посвои момче

Шарлиз Терон стана мајка. Претставник на русокосата убавица потврди дека таа посвоила момче.

Шарлиз Терон

„Таа е горда мајка на здраво момче кое се вика Џексон“ – пишувало во соопштението за јавноста.

Џексон е првото дете на 36-годишната актерка. Колку што е познато, во моментов таа не е во врска. Минатата година Шарлиз ја заврши својата 10-годишна врска со Стјуарт Таунсенд и призна дека за првпат во животот е сингл, но дека тоа ѝ годи.

Немањето љубовен партнер не ја спречи Терон да си ја оствари желбата да стане мајка. Претходно таа отворено имаше проговорено дека сака дете и дека посвојувањето е опција која не ја исклучува.

„Сакам бебе. Ако се случи утре, ќе бидам многу среќна“ – изјавила таа. Кога била запрашана дали би посвоила како самохрана мајка, Шарлиз потврдила. „Зошто да не? Отворена сум за сè во животот. Има толку многу непосакувани деца на овој свет и наша работа е да се грижиме за нив“ – додала таа во интервју за германскиот „In Touch“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12017 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.