По неколкудневните шпекулации, британскиот медиум DailyMail потврди дека Шакира е во врска со актерот Лусиен Лависконт.
Новиот славен пар се зближи на снимањето на спотот за песната „Puntería“, по што беше фотографиран на вечерно излегување во Њујорк.
Оваа вест ја потврдил анонимен извор близок до 47-годишната пејачка, кој изјавил дека пријателите се плашат дека 31-годишниот актер од серијата „Emily in Paris“ ќе ѝ го скрши срцето.

„Шакира е очајна за да се заљуби, но нејзините пријатели се загрижени, бидејќи Лусиен бавно се искачувал на скалата на славните излегувајќи со жени кои биле помалку познати од Шакира“ – рекол изворот.
„Жените со кои бил се сите многу различни. Сега тој се гледа со Шакира и таа сака љубов. Но, нејзините пријатели се плашат дека тој само сака луѓето да го знаат неговото име и оваа врска му го овозможува токму тоа“ – стои во изјавата.






Шакира претходно 11 години беше во врска со Жерар Пике со кого има две деца. Парот раскина во 2022 година, по гласините дека тој ја изневеруваше со Клара Чиа Марти, која сега му е девојка.

