Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џејми Дорнан е новиот Кристијан Греј

ФОТО: Џејми Дорнан е новиот Кристијан Греј

Откако Чарли Ханам се откажа од улогата на Кристијан Греј во филмската верзија на еротскиот роман „Fifty Shades of Grey“, се раширија различни гласини за тоа кој актер ќе ја добие главната улога.

Сега странските медиуми потврдуваат дека Џејми Дорнан е избран за улогата на богатиот бизнисмен Кристијан, кој влегува во страсна садо-мазо сексуална врска со младата и неискусна г-ца Стил.

Џејми Дорнан Џејми Дорнан Џејми Дорнан

31-годишниот Дорнан е актер и музичар, а успешно работеше и како модел. Тој беше дел од филмот „Marie Antoinette“ на Софија Копола, а продолжува да привлекува фанови со телевизиските серии „Once Upon a Time“ и „The Fall“. Привлечниот изглед му помогна да стигне до рекламни кампањи за модни брендови како Келвин Клајн, Диор и Армани.

Џејми Дорнан Џејми Дорнан Џејми Дорнан Џејми Дорнан Џејми Дорнан

Дакота Џонсон ја доби главната женска улога во „Fifty Shades of Grey“, додека Сем Тејлор-Вуд ќе биде режисерка на филмот, кој е планирано да излезе на 1 август 2014 година.

Дакота ЏонсонДакота Џонсон

Иако добија многу критики поради „сиромашниот“ начин на изразување, книгите на Е. Л. Џејмс се искачија на врвот на листите на најпродавани книги во светот.

 Fifty Shades

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25457 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.