Џесика Алба и нејзините две ќерки, Хонор и Хевен, седеа во првиот ред на ревијата за детска облека на познатиот дизајнер Ралф Лорен.

Двете девојчиња позираа покрај својата мајка, облечени во идентични морнарски фустанчиња од колекцијата на Лорен.




32-годишната актерка одржала и краток говор пред почетокот на ревијата. „Обожавателка му сум на Ралф и сметав дека ќе биде забавно да се направи нешто вакво“ – изјавила таа.

Алба се фотографирала заедно и со малите манекенки кои дефилираа покажувајќи ги новите детски креации.

