Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џесика Алба во прекрасна фотосесија со своите слатки ќерки

ФОТО: Џесика Алба во прекрасна фотосесија со своите слатки ќерки

Кога ќе ја погледнете Џесика Алба, тешко можете да поверувате дека е мајка на две деца и дека втората ќерка ја роди пред само седум месеца. Прекрасната актерка позираше заедно со своите две слатки ќеркички за списанието за родители „Parenting“.

Џесика Алба со своите ќеркички

Уште отсега може да се види дека 3-годишната Хонор и малата Хевен сакаат да бидат пред камера.

Џесика и Хонор

Во интервју за списанието, 30-годишната ѕвезда зборуваше за мајчинството, одржувањето на фигурата и за нејзината нова компанија „Honest Company“, која се занимава со еколошки производи за бебиња.

Хевен Хонор

Џесика открила дека во текот на првата бременост се здебелила многу повеќе и дека вториот пат внимавала како се храни и одела на часови по јога. „Се здебелив многу кога бев бремена со Хонор, ми требаше многу време за да се вратам во форма. Мојот сопруг ми правеше сланина секое утро и навечер нарачувавме минимум по пет десерти“ – признала Алба.

Во текот на втората бременост Џесика ги оставила нездравите навики за хранење. „Морав да се грижам за мало дете и започнував нов бизнис, па правев поздрав избор во однос на исхраната и одев на пренатална јога“ – објаснила таа.

Џесика и Хевен

Џесика признала дека иако нејзиниот сопруг е одличен татко, таа ја одржува дисциплината во домот. Таа зборувала и за малите лаги кои ѝ ги кажува на Хонор, бидејќи верува дека децата не мора секогаш да ја знаат вистината.

Џесика Алба со своите ќеркички

„На Хонор ѝ давам газирана вода со одреден вкус – таа си мисли дека е газиран сок и јас го дозволувам тоа. Постојано ѝ кажувам дека кафеавиот сок е само за возрасни и ми верува. Ха! А кога нè следат папараците и кога таа ќе ме праша што прават, јас ѝ кажувам дека само фотографираат. Не сакам да се вознемирува, па ѝ кажувам дека тоа им го прават на сите, не само на нашето семејство“ – објаснила Алба.

Хонор Џесика Алба со своите ќеркички Џесика Алба со своите ќеркички Џесика Алба со своите ќеркички

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12023 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.