Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џесика Алба во откачена фотосесија за Genlux

ФОТО: Џесика Алба во откачена фотосесија за Genlux

Неодоливата Џесика Алба се појави во летното издание на списанието Genlux. Во откачената фотосесија 29-годишната ѕвезда позира со порцелански кукли.

Младата мајка одлично се вклопи во сесијата наречена „Kid Tested – Jessica Approved“ и со многу стил ги долови различните ситуации.

Џесика Алба нема прифатено многу филмски проекти по раѓањето на нејзината ќерка во јуни 2008 година. Таа објаснува дека веќе приоритетите ѝ се поинакви и дека би прифатила само проект за кој вреди да отсуствува од животот на нејзината ќерка.

„Не сакам да бидам подалеку од неа за да правам некој голем глупав филм во којшто ќе трчам наоколу по трико, убивајќи луѓе во текот на шест месеци. Не велам дека никогаш нема да го правам тоа, но сега воопшто не ми паѓа на памет“ – изјавила таа.

Во моментов Џесика е и рекламно лице на познатиот бренд Revlon.

Џесика Алба за Genlux
Џесика Алба Џесика Алба
Џесика Алба Џесика Алба
Џесика Алба Џесика Алба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11043 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.