Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џесика Алба во мини на премиерата на филмот „A.C.O.D.“

ФОТО: Џесика Алба во мини на премиерата на филмот „A.C.O.D.“

Џесика Алба ја разубави премиерата на својот најнов филм „A.C.O.D.“. Привлечната актерка со широка насмевка позираше во црна креација со кратко здолниште од Нарциско Родригез и бели обувки од Николас Кирквуд.

Џесика Алба Џесика Алба

Алба обично не ги разголува многу нозете и ретко носи мини-фустани и здолништа, но неодамна призна дека откако станала мајка е посклона да носи покуса облека.

„Многу повеќе си го критикував телото кога тоа веројатно беше прилично прекрасно. Се прашувам зошто никогаш не носев кратки фармерски панталони. Немав воопшто целулит... што ли си мислев? Посклона сум да носам кратки здолништа откако ги родив моите деца. Никогаш не ги носев претходно“ – изјавила таа во интервју за списанието „Health“, коментирајќи за тоа колку била несамоуверена кога била помлада.

Џесика Алба Џесика Алба Џесика Алба

На премиерата во Лос Анџелес, присуствувале и нејзините колеги од новиот филм, Адам Скот и Ејми Полер.

Џесика Алба и Адам СкотЏесика Алба и Адам Скот Џесика Алба и Адам Скот Ејми Полер, Адам Скот и Џесика АлбаЕјми Полер, Адам Скот и Џесика Алба

„A.C.O.D.“ всушност стои за „Adult Children of Divorce“ (Возрасни деца на развод). Погледнете го трејлерот:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.