Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џенифер Лопез е секси дама во црвено за „Вог“

ФОТО: Џенифер Лопез е секси дама во црвено за „Вог“

Џенифер Лопез ја доби својата втора насловна на „Вог“. 42-годишната пејачка ја покажа својата прекрасна фигура во црвени дизајнерски креации, а во интервју за списанието се отвори за односите со Марк Антони и за својата самодовербата.

Џенифер Лопез

Џенифер во минатото имала проблеми со самодовербата, но токму Марк Антони ѝ помогнал да сфати колку вреди. „Тој секогаш ми кажуваше колку убав глас имам. Ми велеше: Внатре е, само треба да го ослободиш да излезе, проблемот кај тебе е самодовербата. Одеднаш еден ден си реков дека сум добра во ова што го правам. Јас сум актерка. Јас сум пејачка. Јас сум изведувач. Откако еднаш започнав да верувам во себе, целиот свет ми се отвори“ – признала таа.

Џенифер ЛопезЏенифер облечена во маичка од кашмир, сукња од памук и свила на Мајкл Корс и обувки Џими Чу

Разводот не ги раздели Џенифер и Марк и тие освен што се родители на малите близначиња, продолжуваат да бидат и бизнис партнери и пријатели. Двајцата продолжија понатаму со своите животи – Џенифер веќе има друг маж во животот, а и Марк има нова девојка. Сепак, Лопез признава дека разделбата не била лесна и дека е потребно уште време за да им зараснат раните.

„Сè уште сме пријатели и родители. Но, ќе треба да помине време. Тешко е. Сепак, во најголем дел од времето се чувствувам горда поради тоа како се справивме со ситуацијата. Навистина се чувствувам така. Правиме сè што е најдобро за децата“ – објаснила Џенифер.

Кога била запрашана за новиот маж во нејзиниот живот, Каспер Смарт, таа не открила многу. „Тој е неодолив. Но, тоа веќе можете да го видите. Не сакам да зборувам многу на таа тема. Тоа е моја приватна работа“ – рекла Џеј Ло.

Џенифер ЛопезЏенифер во комбинезон-панталони од Валентино со детаљ во форма на роза на градите.

Денес Лопез нема проблеми со самодовербата и на раката носи дијамантски прстен кој ја потсетува дека треба да се сака себеси. Прстенот ѝ е подарок кој го добила по разводот и на него пишува „I LOVE ME“ (Се сакам себеси).

„Тоа може да звучи суетно, но не е. Ако не се сакаш самата себе, тогаш нема да можеш да сакаш никој друг. И навистина сметам дека го забораваме тоа. Сè што сакаме е да бидеме среќни, да се чувствуваме заштитени и разбрани. Но, не можете да очекувате некој друг да го прави тоа за вас. Можеби си мислите... се разбира дека се сакам себеси, се разбира дека имам висока самодоверба. Но, кога ќе погледнете подобро, не се однесувате кон себе како тоа да е вистина. И кога луѓето ќе се однесуваат кон вас како што не сакате, не е нивна вина. Тоа е ваша вина“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12020 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.