Владимир Крстевски – Франц го одведе своето семејство на идиличен одмор.
Поранешниот член на групата Нокаут уживаше со сопругата Ема и двете ќеркички Мелоди и Мона на Хаваи.
„Благодарна за секој бран, алоха и зајдисонце во рајот“ – напиша Ема во описот на мини албумот кој го сподели на Instagram.
На фотографиите, преслатките сестрички се облечени во идентични фустанчиња и костими за капење.










