Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ријана со стил инспириран од 90-тите години за списанието „i-D“

ФОТО: Ријана со стил инспириран од 90-тите години за списанието „i-D“

Ријана со сериозен поглед и стил инспириран од 90-тите години позираше за британското списание „i-D“.

Паоло Роверси ја фотографираше 26-годишната ѕвезда за изданието посветено на музиката.

Ријана

„Таа навистина е една од најкреативните, најталентираните и најинспиративните жени со кои сум имал задоволство да работам. Енергијата и ентузијазмот кои ги поседува се многу силни. Таа е ултимативната икона на нашето време“ – вели за Ријана модниот директор на „i-D“ Алистер МекКим.

Ријана Ријана Ријана

Наскоро Ријана ќе го објави својот осми студиски албум „R8“, па не е изненадување што токму таа беше поканета да ја краси корицата на списанието.

„FourFiveSeconds“ е првата објавена песна од „R8“. За неа, Ријана соработуваше со Кание Вест и легендарниот Пол Макартни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10986 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.