Никол Шерцингер го истакна својот сексапил на црвениот тепих на доделувањето на „Olivier Awards“.
На манифестацијата во Лондон, 45-годишната пејачка мамеше погледи во смела црна креација со ултра висок шлиц и отворено деколте.
Вереникот Том Еванс ѝ беше придружник на овој важен настан на кој освои награда за Најдобра актерка во мјузикл за улогата во „Sunset Boulevard“.

















