Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Мадона пред и после ретуширање

ФОТО: Мадона пред и после ретуширање

Мадона веќе подолго време е дел од мултимилионската рекламна кампања на Луј Витон. Мегапопуларната пејачка на фотографиите изгледа како да е барем 20 години помлада.

Но, освен феноменалните ретуширани фотографии наменети за рекламирање на брендот, се појавија и фотографии кои не поминале низ процесот на дигитална обработка.

Мадона пред ретуширањеМадона пред ретуширање

51-годишната ѕвезда изгледа одлично ако се земе во предвид нејзината возраст. Можеби тоа се должи на шминката, но староста воопшто не оставила брчки на нејзиното лице. Очигледно скапите третмани, строгата диета и редовното вежбање се одразуваат добро на Мадона.

Можеби дополнителен стимул да изгледа добро сега ѝ е нејзиното 23-годишното момче, Хесус Луз.

Многумина воопшто не го одобруваат слободниот живот на контроверзната поп икона. Стилот на облекување и ноќниот живот често ја поставуваат Мадона на насловните страни на таблоидите, но тоа воопшто не ѝ пречи и таа сè уште го носи епитетот кралица на поп музиката.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10992 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.