Следејќи ги стапките на Дејвид Бекам кој креира долна облека за „H&M“, Кристијано Роналдо ја лансира линијата за долна облека „CR7 By Cristiano Ronaldo“.

28-годишниот фудбалер го покажа своето мускулесто тело во машки боксерки од новата колекција. „Модата и дизајнот се две мои страсти и долго време сакав да создадам свој бренд“ – напиша Роналдо на Facebook.


Познатиот Португалец позираше пред огромна рекламна фотографија во Мадрид, Шпанија, каде официјално беше означено пуштањето во продажба на колекцијата.




