Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ема Вотсон во еко фустани за „The Edit“

ФОТО: Ема Вотсон во еко фустани за „The Edit“

Ема Вотсон сними „еко“ едиторијал за електронското списание „The Edit“. 23-годишната актерка позираше во 5 елегантни фустани кои се дел од проектот „Green Carpet Challenge“, фокусиран на популаризирањето на еколошката или т.н. одржлива мода.

Фустаните се креирани од славните дизајнери Ролан Муре, Викторија Бекам, Кристофер Бејли, Ердем и Кристофер Кејн.

Ема Вотсон Ема Вотсон Ема Вотсон

Во интервјуто за списанието, филмската ѕвезда зборувала за етичката и еколошката мода, која е создадена со почит кон луѓето вклучени во производството и со почит кон еколошката средина. „Не можам да разберам зошто етичката облека е специјална, а не е основен стандард. Зошто е специјално да поседуваш нешто за кое знаеш дека не е направено во ужасни услови од 12-годишно девојче кое добива 20 пени на час?“ – рекла Вотсон.

Ема Вотсон Ема Вотсон Ема Вотсон

Ова не е првпат Ема да поддржува ваков проект. Досега таа има креирано три колекции за модниот бренд People Tree, кој е член на WFTO (World Fair Trade Organisation). Fair Trade е начин на водење бизнис чија цел не е постигнување на профит по секоја цена. Тој се фокусира главно на извоз од неразвиените во развиените земји. Овој начин на трговија има за цел да им обезбеди повисоки плати на производителите и да им се помогне да се здобијат со нови знаења и да развијат нови способности за да си го подобрат животот.

Во продолжение се креациите на Муре, Бекам, Бејли, Ердем и Кејн за „Green Carpet Challenge“.

Ердем Викторија Бекам Ролан Муре Кристофер Кејн Кристофер Бејли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11969 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.