Ева Лонгорија му се радува на животот и не ја крие својата среќа. Сексапилната актерка позираше за списанието „Lucky“ со широка искрена насмевка во забавни модни комбинации.
Неуморната ѕвезда неодамна го заврши 8-годишниот проект „Очајни домаќинки“, па сега ќе ја гледаме на многу повеќе различни страни и во различни изданија. Веќе има снимено три нови филма („Days of Mary“, „For Greater Glory“ и „Married With Cheating“) и тврди дека снимањето на филмови е како одмор за неа.
„Кога си на телевизиско шоу, всушност снимаш по еден филм неделно. Снимањето на филмовите трае три месеци – тоа е лудо. Толку се бавни, тоа е како одмор за мене“ – изјавила таа.
37-годишната убавица секогаш изгледа прекрасно на црвениот тепих, а за тоа понекогаш е заслужна нејзината најдобра пријателка Викторија Бекам. Ева отворено признава дека носат ист број на облека и дека често краде облека од личниот плакар на Викторија. „Таа е толку забавна. Многу го ценам нејзиниот стил!“ – дополнила Ева.