Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Гвен Стефани е дама во розово за „Harper's Bazaar“

ФОТО: Гвен Стефани е дама во розово за „Harper's Bazaar“

Ретко кој би ѝ дал на Гвен Стефани повеќе од 30 години. Забавната бунтовна пејачка и на 42 години изгледа фантастично – фит, модерно и гламурозно. Нејзиниот препознатлив имиџ во кој задолжителни елементи се русата коса и црвениот кармин до ден денес привлекува воздишки.

Гвен Стефани за „Harper's Bazaar“

За „Harper's Bazaar“, познатата пејачка на „No Doubt“ позираше во розови и црни креации пред објективот на Тери Ричардсон. Покажувајќи дел од својот откачен карактер, таа блесна во креации на Александар МекКвин, Версаче, The Row, Вера Ванг и Дајен фон Фирстенберг.

Гвен Стефани за „Harper's Bazaar“

Во интервјуто за списанието таа сподели дека нејзиниот повозрасен син Кингстон е опседнат со супер-херои, исто како таа што била со Мерилин Монро кога за првпат чула за неа. „Само што ги откри супер-хероите и е опседнат со нив. Тоа е исто како кога јас ја открив Мерилин Монро: оп-сед-на-та“ – изјавила таа.

Снимањето на новиот албум и растењето на две деца не е лесна задача и Гвен признава дека тоа ѝ е голем предизвик. „Супер забавно е да си мајка, но исто така е тешко. Пронаоѓањето на тој баланс помеѓу работата и семејството убедливо е најтешкото нешто кое сум го направила“ – објаснила таа.

Гвен Стефани за „Harper's Bazaar“

Во однос на стилот, таа уште еднаш потврди колку многу сака шминка и дека често носи шминка дури и дома. „Ми се допаѓа кога правам сопругот да ме сака повеќе, а нему му се допаѓа да носам шминка“ – рекла таа. „Отсекогаш сум била девојка која сака да се дотерува. Денес веќе се имам шминкано двапати. Се нашминкав кога го носев син ми на училиште, се вратив дома, си го измив лицето и се нашминкав за интервјуто“ – дополнила Гвен.

Гвен Стефани за „Harper's Bazaar“ Гвен Стефани за „Harper's Bazaar“

Првиот црвен кармин ѝ бил подарок од баба ѝ, а откако го ставила толку многу го засакала што досега тоа е нејзината омилена боја на усни.

Гвен зборувала и за почетоците на бендот. „Ние не го правевме тоа за да станеме успешни. Сега сите сакаат да бидат познати. Веќе не е важно што правиш. Да ви кажам за првиот албум: моето момче ми раскина и јас бев уништена, па ги напишав сите тие песни. Не ни знаев дека можам да пишувам. Јас бев само девојка која беше заљубена во тоа момче, а која одненадеж стана текстописец“ – раскажала таа.

Гвен Стефани за „Harper's Bazaar“ Гвен Стефани за „Harper's Bazaar“ Гвен Стефани за „Harper's Bazaar“ Гвен Стефани за „Harper's Bazaar“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.