Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бруно Марс е вистински плејбој

ФОТО: Бруно Марс е вистински плејбој

Бруно Марс влезе во малата група мажи кои досега се имаат појавено на насловната страна на списанието „Playboy“. Само девет мажи претходно ја имале честа да се најдат на корицата на ова популарно машко списание, а харизматичниот пејач ја заокружи тесната 10-ка.

Бруно Марс

„Се разбудив ова утро чувствувајќи се како плејбој“ – напиша 26-годишниот талентиран пејач на Twitter на денот кога списанието беше пуштено во продажба.

Бруно Марс

Фотосесијата е направена од познатиот фотограф Тони Кели. На фотографиите во ретро стил, Бруно позира со згодни девојки кои се обидуваат да го освојат.

Бруно Марс

На насловната страна Бруно со гитара во рацете позира пред Ракел Помплин, зајачицата за месец април.

Во интервју за списанието Марс откри дека инспирација црпи од 40-тите и 50-тите години. „Растејќи во светот на шоу-бизнисот, се огледував на овие момци: Френк Синатра и се разбира, Елвис Присли“ – рекол тој.

Бруно Марс Бруно Марс Бруно Марс

Кога бил запрашан со кој музичар би сакал да соработува, Бруно одговорил: „Џими Хендрикс. Сметам дека тој е најголемиот гитарист на светот и би сакал лично да го видам како свири. Тој е причината поради која зедов гитарата в раце“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.