Бијонсе беше дел од славните гостинки на доделувањето на музичките награди на iHeartRadio.
На настанот во Долби Театарот во Лос Анџелес, 42-годишната музичка ѕвезда изгледаше како модерна каубојка. Бијонсе беше облечена во кожен костум, инспириран од Вестерн стилот, од колекцијата есен/зима 1992 на Версаче. Својот стајлинг, таа го надополни со каубојски шешир.






Во петокот, Бијонсе го објави својот осми студиски албум, насловен „Cowboy Carter“. На настанот, славната пејачка ја доби наградата Иноватор, која ѝ беше врачена од Стиви Вондер.









