Алесандра Амбросио сними забавен едиторијал за бразилскиот „Glamour“. 32-годишната манекенка позира со бразилското знаме, како и во весели креации „закитени“ со вештачки овошни плодови.
Во интервјуто за списанието таа открила дека го има семејството за кое отсекогаш сонувала и дека има огромна желба да се омажи за својот свршеник Џејми Мазур, со кого има две деца.







