Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Адријана Лима бремена во првиот календар на „Pirelli“ без голотија

ФОТО: Адријана Лима бремена во првиот календар на „Pirelli“ без голотија

Мажите секоја година со нетрпение го очекуваат излегувањето на календарот на „Pirelli“, затоа што знаат дека за уметничките фотографии избраните модели не се срамат да покажат повеќе кожа. Во изминативе години Марио Соренти, Карл Лагерфелд и Тери Ричардон не се колебаа дали да ги насочат своите објективи кон разголените манекенки.

Но, кога светски признатиот фотограф Стив МекКари прифати да го преземе кормилото на календарот за 2013 година, неговата визија не вклучуваше голи згодни тела.

„Си помислив зошто да не најдеме модели кои не се само прекрасни и убави, туку и прават добри дела“ – изјавил тој на промоцијата одржана во Рио.

Сите славни дами кои се појавуваат во овогодишниот календар поддржуваат хуманитарни или невладини организации, или други хуманитарни проекти. Поради подлабокиот пристап, Стив го нарече овој календар „календар на душата“.

Една од манекенките е Адријана Лима, која е првата трудница што се појавува во календар на „Pirelli“.

Адријана ЛимаАдријана Лима Адријана ЛимаАдријана Лима

Лима, која во септември го роди второто дете, изгледа прекрасно на фотографијата која е една од 23-те портрети сликани од Стив во Рио де Жанеиро. Дополнително, Стив направил уште 11 други фотографии на улиците низ Рио.

Освен Лима, за календарот позираат и Карли Клос, Изабели Фонтана, Петра Немцова, Самер Рејн Оукс, Соња Брага и други.

Погледнете дел од фотографиите од календарот за 2013 година:

Самер Рејн Оукс – модел и активистСамер Рејн Оукс – модел и активист Соња Брага – актеркаСоња Брага – актерка Календарот на „Pirelli“ Календарот на „Pirelli“ Календарот на „Pirelli“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.