Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: 59-годишната Кристи Бринкли изгледа фантастично во Haute Living

ФОТО: 59-годишната Кристи Бринкли изгледа фантастично во Haute Living

Кристи Бринкли е еден од најубавите модели на сите времиња. Во текот на долгогодишната кариера русокосата убавица се има појавено на повеќе од 500 корици на списанија и не е тешко да се види зошто.

Иако за една година ќе влезе во седмата деценија од животот, 59-годишната Американка изгледа фантастично. Судејќи според новите фотографии на списанието Haute Living, ретко кој може да ја погоди вистинската возраст на Бринкли. Облечена во едноделен Herve Leger костим за капење и бели „лобутинки“, Бринкли позира како вистинска професионалка со голема насмевка на лицето.

Кристи Бринкли Кристи Бринкли Кристи Бринкли

Во интервјуто за списанието, Кристи раскажала дека случајно влегла во светот на модата откако фотограф ја „открил“ додека студирала во Париз. „Кога започнував јас, моделите беа како закачалки за облека. Требаше само да молчиш, да ги ставиш алиштата и да го правиш она што ти е кажано. Со текот на годините, моделите станаа брендови. Има огромен потенцијал во оваа кариера сега“ – изјавила таа.

Кристи Бринкли Кристи Бринкли

Бринкли неодамна се докажа како актерка, со учеството во хит-мјузиклот на Бродвеј „Chicago“. Таа признала дека не сакала да ја прифати големата улога за да не го напушти својот татко кој боледувал од Паркинсонова болест и бил во толку лоша состојба што морал да се храни преку цевка. Но, откако тој побарал да ја прифати понудената улога, Бринкли не можела да каже „не“.

Кристи БринклиКристи Бринкли во „Chicago“

Кристи зад себе има 4 брака, од кои еден со Били Џоел, и е мајка на 3 деца. И покрај неуспешните врски, таа вели дека сè уште верува во љубовта. „Се разбира дека сè уште верувам во љубов. Моите родители беа во брак повеќе од 50 години. Тие се развеселуваа еден со друг и се почитуваа. Знам дека таквата љубов е возможна“ – рекла таа.

Кристи БринклиКристи Бринкли на доделувањето на Тони наградите 2011 Кристи Бринкли

Бринкли се прослави кон крајот на 70-тите години, кога три години по ред ја красеше насловната страница на изданието со костими за капење на Sports Illustrated.

Кристи во младостаКристи во младоста

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10604 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.