Малума не може да ја сокрие среќата.
30-годишниот пејач ужива во улогата на татко, а тоа јасно го покажува на социјалните мрежи. Славниот музичар на Instagram сподели албум со фотографии од првите 15 дена од татковството, а на најголем дел од нив тој позира со новородената ќерка Париз.
„Моите први 15 дена како татко. Ова е најдобро што сум живеел во мојот живот“ – напиша тој.









Во октомври 2023 година, Малума и неговата девојка Сузана Гомез објавија дека очекуваат дете. Малата Париз се роди на 9 март годинава.


