Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Добро е да се нема сопруг, тој ме влечеше надолу“: Шакира отворено зборуваше за животот без Пике

„Добро е да се нема сопруг, тој ме влечеше надолу“: Шакира отворено зборуваше за животот без Пике

Шакира отворено зборуваше за животот во Мајами како самохрана мајка по разделбата од Жерар Пике.

47-годишната пејачка призна дека 11-годишната врска со поранешниот фудбалер била причината што долго време ја потиснувала својата креативност и ја ставала кариерата на заден план. Но, сега ја искористи таа несреќна романса и лекциите научени од неа за да го создаде својот претстоен албум „Las Mujeres Ya No Lloran“.

„Морав да ги соберам парчињата од мене и повторно да ги составам. Музиката беше лепилото“ – рече таа

Шакира

„Секојпат кога ќе одев во студиото, чувствував како да го оставам моето семејство без надзор. Имаше времиња кога воопшто не уживав и чувствував вина. Но, сега се чувствувам тотално поразлично. Иако е поголем предизвик, бидејќи сум одговорна за овие две деца, кои зависат многу од мене. Јас сум самохрана мајка, немам сопруг дома кој ќе ми помогне со што било.“

„На одреден начин, добро е да се нема сопруг. Не знам зошто, тој ме влечеше надолу. Сега работам, создавам музика... нешто што не го чувствував претходно“ – рече таа.

Шакира

Разделбата од Пике ѝ помогнала на Шакира да ја насочи својата креативност кон музиката. Но, нејзиниот поголем син Милан исто така ја користи музиката за да се изрази себеси и има напишано две песни.

„Милан напиша две прекрасни песни за време на процесот на разделување. Тие би расплакале секого. Ги напиша и нотите и текстот. Секојпат кога е нерасположен, оди до пијаното и пишува музика. Тој е одличен текстописец и продуцент“ – рече Шакира.

Славната музичарка воопшто не ги криела своите чувства од децата за време на разделбата од нивниот татко и за сè отворено зборувала со нив. Таа смета дека родителите треба да бидат искрени со децата без разлика со какви предизвици се соочуваат.

„Имаше многу лекции во целото тоа искуство. Точно е дека општеството нè учи да ги криеме нашите чувства пред нашите деца. Но, мислам дека тоа е грешка, бидејќи тие знаат многу подобро и ги гледаат работите на многу различни начини“ – рече таа.

Шакира

Шакира додаде дека децата секогаш можат да детектираат кога возрасните не се искрени со нив и тогаш си создаваат своја верзија на вистината, а нивната интерпретација може да биде сосема погрешна.

„Ако сте доволно храбри да зборувате, зборувајте за тоа со нив и обидете се да откриете како тие ја перцепираат реалноста. Започнете разговор во кој и тие ќе можат да си го кажат мислењето и прифатете ја и нивната чувствителност. Знајте дека животот не е секогаш совршен, дека понекогаш е ОК да плачеш“ – објаснила музичарката.

Шакира

Песната „Última“ е последната песна од новиот албум на Шакира и е последна песна која таа ја пишува за Пике.

„Реков дека имам уште една песна, бидејќи морам да го кажам ова или ќе се задушам. Морам да го извадам ова од мене.“

„Кога му ја отпеав оваа песна на директорот за маркетинг во Sony, тој почна да плаче. Никогаш претходно немав видено маж да плаче во моето студио. Да, сум видела жени да плачат, но не маж. Започна да плаче на песната и ми рече: ‘ОК, разбирам’. Ова не е за мене. Песната не е само за мене или за него. Мило ми е што добив можност да ја вклучам во албумот иако е последната песна, последната песна кога ја пишувам за него“ – рекла таа.

Шакира и Пике беа заедно 11 години пред да се разделат во 2022 година. Тие имаат две деца, синовите Милан и Саша.

Шакира Шакира

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.