Џулија Робертс веќе долги години негува соработка со Chopard, а сега ја создаде и првата колекција за компанијата.
Капсулната колекција беше промовирана на настан во „Chateau Marmont“ во Вест Холивуд, на кој славната актерка шармираше во елегантен стајлинг.
56-годишната холивудска ѕвезда носеше модна комбинација од Каролина Ерера која вклучуваше црно здолниште и бела кошула, за да се истакне нејзиниот колоритен накит со редок смарагд од 6.225 карати.



Смарагдот „Chopard Insofu“ бил откриен во рудник во Замбија во 2021 година. „Insofu“ значи слон на јазикот во регионот каде што е откриен.
„Соработката со Џулија на оваа капсулна колекција беше неверојатно патување. Од моментот кога го откривме смарагдот Инсофу, знаевме дека е скаподен камен којшто може да инсписира величественост. Оваа соработка е доказ за таа инспирација, спој на нашата заедничка страст за убавина, елеганција и одговорен луксуз“ – изјави Каролин Шојфеле, уметнички директор во луксузната компанија за накит Chopard.









