Фахрие Евџен и Бурак Озчивит присуствуваа на доделувањето на наградите од турското издание на машкото списание „GQ“.
На настанот во Истанбул, познатите турски актери мамеа погледи во елегантни стајлинзи.
Атрактивната актерка, позната како Неџла од „Кога лисјата паѓаат“, го истакна своето витко тело во црн фустан со длабоко деколте.
Бурак, кој сигурно го знаете по повеќе улоги во турските серии, шармираше во комбинација со црни панталони и темносино кадифено сако.











На манифестацијата, Бурак се закити со наградата „Маж на годината“. Во својот говор, тој зборуваше за конфликтот во појасот Газа.
„Сакам да им се заблагодарам на сите, особено на мојата сопруга. Ова е многу значајно за мене. Јас како родител на две деца, не прифаќам свет во кој се убиваат деца. Се надевам дека ќе ве видам во свет во кој децата нема да бидат убивани“ – рече Бурак, а Фахрие со солзи во очите го проследи неговиот говор.
Фахрие и Бурак стапија во брак во 2017 година и имаат две деца.