Јелена Томашевиќ и нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ за првпат настапија заедно на сцената.
Во преполната „МТС Дворана“ во Белград, 40-годишната српска пејачка му се придружи на 45-годишниот актер на првиот од неговите три закажани концерти „Naše veče“. Талентираниот брачен пар ја изведе песната „To je bila ljubav“ од мјузиклот „Cigani lete u nebo“.




Јелена носеше креација од Chiccode.


„Многу нешта поминавме заедно. Само оние кои љубат знаат што сè може да се најде на патот на љубовта. Но, постои едно нешто кое со мојата Јелена многу го сакаме, а досега го немаме искусено. Никогаш немаме пеено заедно пред публика. Јелена дали сакаш себеси да си ја исполниме таа желба? Дали би ја пеела со мене онаа нашата омилена? Речи да“ – напиша тој на Instagram за да ги најави концертите.

Останатите два концерта ќе бидат на 5 и 13 април. Иван настапува заедно со целиот Уметнички ансамбл на Министерството за одбрана на Србија „Станислав Бинички“.



ФОТО / Instagram: Уметнички ансамбл „Станислав Бинички“, Ivan Bosiljcic, Jelena Tomasevic Bosiljcic