Сузана Турунџиева го прослави својот 55-ти роденден на забава со најблиските.
На социјалните мрежи, македонската пејачка и водителка сподели фотографии на кои позира со двете ќерки Лора и Матеа.
Турунџиева изгледа одлично во црвен фустан со реси на ракавите. Таа пееше и славеше, а доби подароци со ликот на Фрида Кало.
„Љубовта е единственото нешто кое се множи кога се дели... Неизмерно сум благодарна за сите прекрасни луѓе, кои го прават убав мојот живот... и не ми дозволуваат да ги бројам годините, туку на моите години им (до)даваат живот, смисла, убавина...“ – напиша Сузана.








Пред неколку дена, нејзината ќерка Лора го прослави 24-тиот роденден.



