Новак Ѓоковиќ навиваше за својот сонародник Никола Јокиќ од трибините во „Крипто.ком Арената“ во Лос Анџелес.
36-годишниот тенисер се сретна со 29-годишниот кошаркар по големата победа на неговиот тим Денвер Нагетс над Лос Анџелес Лејкерс. Новак го дочека Јокиќ со зборовите: „Каде си, брате мој?“, а потоа двајцата силно се прегрнаа.










На натпреварот беа присутни и Владе Дивац, Марко Јариќ и актерот Никола Ѓуричко.
„Заедно сме наши“ – напиша Ѓуричко на споделените фотографии.


Јелена сподели фотографија на која позира со својот сопруг и со Јокиќ. И нивниот син Стефан се фотографираше со легендите.


