Слобода Миќаловиќ мамеше погледи на премиерата на филмот „Јорговани“, која синоќа се одржа во рамките на Филмскиот фестивал „Фест“.
На црвениот тепих во МТС арената во Белград, 42-годишната актерка зрачеше со шарм и харизма и со одушевување беше дочекана од публиката.
Слобода носеше црна креација со долги ракави, која ја надополни со впечатливо ланче.







Слобода позираше и со Иван Босиљчиќ, со кого ги имаат главните улоги во „Јорговани“. Тие заедно глумеа и во познатата серија „Ранетиот орел“ ( Ranjeni orao), снимена според романот на прочуената писателка Мир-Јам.






