Ана Ивановиќ зрачеше со елеганција на црвениот тепих на 96-тото издание на Оскар.
36-годишната Србинка блескаше во жолта креација на свеченоста на која присуствуваше заедно со сопругот Бастијан Швајнштајгер. Фустанот со еден ракав одлично ѝ прилегаше на шармантната спортистка.
Поранешната тенисерка и поранешниот фудбалер споделија фотографии на Instagram пред да се упатат на големата холивудска свеченост.












Ана и Бастијан стапија во брак во 2016 година и заедно имаат три деца.
