Марија Шерифовиќ уживаше на одмор со синчето Марио, мајка си Верица и пријателката Јована Пајиќ.
Српската пејачка сподели видео со малото бебенце кое го држи во прегратка додека се шета на плажа. „Мој“ – пишува на видеото.



Шерифовиќ со синчето беше фотографирана и на аеродром по пристигнувањето во Белград.



Шерифовиќ го доби синчето со помош на сурогат-мајка. Таа призна дека претходно се обидувала самата да износи бременост, но не успеала.
Марија не открива кој е таткото на Марио, но вели дека кога тој ќе порасне, ќе дознае сè што треба.

Фотографии: Screenshot - Марија Шерифовиќ Instagram, Blic.rs YouTube