Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Среќен сум што сум жив“: Ештон Кучер откри дека не можел да гледа, слуша и оди поради автоимуна болест

„Среќен сум што сум жив“: Ештон Кучер откри дека не можел да гледа, слуша и оди поради автоимуна болест

Ештон Кучер откри дека пред две години се соочувал со сериозно автоимуно заболување, кое за среќа, сега е под контрола.

Во шоуто на Бер Грилс, 44-годишниот актер изјави дека му се појавила ретка форма на васкулитис, поради која не можел да гледа, да слуша и да оди.

„Пред две години, имав една чудна, многу ретка форма на васкулитис, која ми го уништи видот, слухот и ми ја наруши целата рамнотежа. Потребна ми беше цела година за да се вратам во нормала. Не го цените тоа додека не го изгубите. Не знаев дали некогаш повторно ќе можам да гледам, да слушам и да одам. Среќен сум што сум жив“ – изјави Ештон.

ВИДЕО

Ештон

Васкулитис е воспаление на крвните садови, кое ги задебелува ѕидовите на крвните садови и поради ограничен проток на крв, може да доведе до оштетување на органи и ткива.

Изминатиот викенд, Ештон беше фотографиран на плажа со сопругата Мила Кунис.

Ештон Ештон

Од почетокот на пандемијата, славниот пар постојано носеше маски за заштита од коронавирусот.

Ештон

Нема слични статии.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27942 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.