Џенифер Лопез со сопругот Бен Афлек и неговиот син Семјуел присуствуваше на кошаркарски натпревар во Crypto.com арената.
54-годишната пејачка, 51-годишниот актер и 12-годишното момче од првиот ред гледаа како Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс си ги одмеруваа силите на натпреварот во НБА лигата. Брачните партнери постојано се држеа за раце, а во ходникот на арената имаа и сладок момент кој беше снимен од нивен обожавател.





Jennifer Lopez and Ben Affleck at the Lakers vs Warriors game. pic.twitter.com/Xjz2qfoUIE
— Bennifer Updates (@BenniferUpdates) March 17, 2024
Лопез носеше кратка јакна од твид над бела маица, широки фармерки и светкави сини чизми.

Семјуел е син на Афлек од бракот со Џенифер Гарнер.












Во арената беа присутни и Ким Кардашијан со синот Сејнт.

