Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Социјалните мрежи не се реалност“: Бела Хадид сподели фотографии на кои плаче и се отвори за менталното здравје

„Социјалните мрежи не се реалност“: Бела Хадид сподели фотографии на кои плаче и се отвори за менталното здравје

Бела Хадид сподели селфи фотографии на кои плаче и се отвори за нејзината борба со депресијата и анксиозноста.

25-годишната манекенка го објави постот за да се надоврзе на разговорот што го започна Вилоу Смит, која јавно зборуваше за нејзиното ментално здравје.

Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид

„Те сакам и тебе и твоите зборови. Направи да се чувствувам помалку осамена и поради тоа сакам да го објавам ова“ – напиша Бела на почетокот од нејзиниот пост.

Социјалните мрежи не се реалност. Сите што поминувате низ тежок период, ве молам запомнете го тоа. Понекогаш, сè што ти треба да слушнеш е дека не си сама. Па, од мене, за тебе: Не си сама. Те сакам, те гледам и те слушам. Самопомошта и менталните болести/хемискиот дисбаланс не се линеарни и речиси е како да се движиш со ролеркостер со пречки... има свои подеми и падови и свои страни. Но, сакам да знаете дека секогаш има светлина на крајот од тунелот и дека ролеркостерот секогаш застанува во одредена точка. (Секогаш има простор тој повторно да тргне, но за мене секогаш е убаво што знам дека по неколку денови, недели или месеци, ситуацијата ќе се подобри). Ми требаше долго време за да започнам да размислувам така, но сум имала доволно тешки моменти за да го знам ова: Ако работите доволно на себеси, ако поминувате време насамо за да ги разберете вашите трауми, тригери, радости и рутини, секогаш ќе можете да научите повеќе за вашата болка и како да се справите со неа. Тоа е сè што можете да посакате за себе... Ви благодарам што ме видовте и што ме ислушавте. Ве сакам.

Бела Хадид
Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид

Ова не е првпат Хадид да зборува за депресијата и анксиозноста. Во интервју во 2019 година, таа призна дека била емоционално нестабилна работејќи 14 часа на ден, цели 4 месеци, на возраст од 18 години.

„Плачев секое утро, плачев за време на паузите за ручек, плачев пред да заспијам. Се чувствував виновно што имав можност да го живеам овој неверојатен живот, што ги имам можностите кои ги имам, но и покрај тоа сум депресивна. Немаше смисла“ – изјавила таа пред 2 години.

Бела Хадид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11393 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.