Фановите на Софи Тарнер се убедени дека таа го очекува второто дете со Џо Џонас откако се појавија фотографии на кои таа си го гали голото стомаче.
Папараците ја фотографираа 25-годишната актерка на Денот на вљубените, додека беше на прошетка со 32-годишниот пејач и нивната едногодишна ќерка Вила. На фотографиите, ѕвездата од „Game of Thrones“ носи кратка бела маичка додека нежно си го гали стомакот.
Филмската ѕвезда се уште ја нема потврдено веста за бременоста.









Гласините за бременоста се појавија неколку дена претходно кога Софи излезе облечена во тесен фустан.





Софи и Џо стапија во брак во мај 2019 година.
