Поминаа три децении од првото прикажување на „Pulp Fiction“. Вчера, во Холивуд беше одбележана 30-годишнината од премиерата на легендарниот филм, а на неа се обединија главните ѕвезди.
На настанот присуствуваа сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг, како и неговата ќерка Талула за да оддадат почит на неговата улога во популарниот филм.
Брус не можеше да присуствува на свеченоста поради здравствените проблеми со кои се соочува поради болеста – фронтотемпорална деменција.
На црвениот тепих, Ема шармираше во елегантен црн костум, кој го спои со блуза во бисерна нијанса. Талула, која неодамна откри дека ѝ беше дијагностициран аутизам, носеше спортска капа со името на татко си.










