Жизел Бундшен не крие дека тешко го поднела разводот од Том Брејди.
43-годишната манекенка се расплака пред камерите за време на интервју кога беше запрашана за разделбата од 46-годишниот играч на американски фудбал.
„Срцепарателно е да поминеш низ тоа“ – рече Жизел, опишувајќи го разводот како „смрт на еден сон“.
„Дефинитивно ова е период на транзиција. Не мислам дека го посакуваш ова, но понекогаш во животот работите се случуваат. Ова е нова сезона во мојот живот. Благодарна сум за секоја научена лекција“ – рече Бундшен.
„Сè што поминав ми помогна да сфатам што сакам, а што не сакам. Ја живеам мојата вистина и не се извинувам поради тоа“ – додаде таа.


Убавата Бразилка се раздели од легендарниот НФЛ играч во октомври 2022 година. И двајцата изјавија дека разделбата била тешка и болна и дека сега се фокусирани на двете деца, 14-годишниот Бенџамин и 11-годишната Вивиен.


Зборувајќи за кородителството, Жизел рече:
„Некои денови се полесни од другите. Неверојатно е што децата се супер паметни. Знаат со што можат да се извлечат. Природно е да има различни правила, а децата само се адаптираат. Јас можам да го контролирам само она што го правам јас“.
Жизел е фокусирана на здравиот начин на живот и максимално се грижи за своето тело.
Иако беше фотографирана како се бакнува со тренерот по џиу-џицу Хоаким Валенте, таа не ја потврди романсата пред камерите.

