Серена Вилијамс е супер возбудена што доби можност да им помогне на мајките кои не можат да им овозможат мајчино млеко на нивните малечки.
42-годишната тениска легенда, која во август го роди второто дете, донираше свое мајчино млеко за време на патување во Њујорк. Во видео на Instagram, Серена сподели дека се чувствува неверојатно поради својата бесценета донација.

„На неодамнешно патување во Њујорк имав вишок мајчино млеко... Бев во можност да го донирам, наместо да го земам млекото дома. Познавам многу неверојатни жени кои посвоиле дете или не се во можност да создадат млеко. Чувството е неверојатно. Некој таму некаде ќе добие млеко на супер војник“ – напиша тенисерката, која има освоено 23 Грен Слем титули.
„Возбудена сум што можам да помогнам... на некаков начин“ – вели таа во видеото.
Вилијамс е во брак со ко-основачот на Reddit Алексис Оханијан. Тие заедно имаат две ќерки – Олимпија која е родена во септември 2017 година и Адира родена во август оваа година.


