Арон Тејлор-Џонсон ја придружуваше саканата Сем на премиерата на „Back To Black“ во Лондон.
33-годишниот актер, кој се шпекулира дека ќе биде следниот Џејмс Бонд, позираше на црвениот тепих со 24 години постарата сопруга. Згодната филмска ѕвезда носеше модна комбинација од Том Форд.



Поради големата разлика во возраста, парот честопати беше мета на критики и неретки беа коментарите дека нивниот брак ќе пропадне. Арон смета дека тоа е бизарно.
„Треба да сфатите дека она што повеќето луѓе го прават во нивните 20-ти години, јас го направив кога имав 13. Дали правите нешто толку брзо за некој друг? Не можам да го разберам тоа. Со каква брзина би требало да уживаме во животот? Тоа е бизарно за мене“ – рекол тој на прашање за јавното мислење за неговиот брак.
Арон и Сем се запознаа кога таа имаше 42 години, а тој 18. Тие се во брак 11 години и имаат две заеднички ќерки. Таа има уште две ќерки од првиот брак.



57-годишната режисерка го режираше контроверзниот биографски филм за животот на покојната пејачка Ејми Вајнхаус.







Арон започна да се занимава со актерство на 6-годишна возраст.



