Суки Вотерхаус не крие колку се гордее со сè што направи нејзиното тело во изминатиот период.
32-годишната актерка, која минатиот месец го роди своето прво дете, сподели фотографии направени по породувањето. На нив, вереницата на Роберт Патинсон позира пред огледало по градник и долна облека од брендот Frida Mom додека во рацете држи бебешко шише.
„Периодот по породувањето беше исполнет со неизмерна радост, многу смеа, солзи, мноооогу хормони! Се гордеам со сè што постигна моето тело и се гордеам со нежноста и љубезноста кои си ги дадов себеси во периодот на закрепнување“ – напиша таа.



Суки и Роберт беа фотографирани со новороденото бебе пред околу две недели, но веста дека станаа родители ја потврдија пред само три дена. Суки сподели фотографија на која го држи бебето и напиша: „Добредојде на овој свет, ангелу“.



Гласините дека Суки и Роберт се во врска започнаа да се шират уште во 2018 година, но тие ја држеа нивната романса подалеку од очите на јавноста.

