Саша Ковачевиќ не крие дека има сериозни планови со девојката Зорана Тасовац. Српскиот пејач неодамна зборуваше за животот и врската со саканата и за односот кој го има со нејзината ќеркичка Искра.
Тој отворено признава дека Искра ја сака како сопствено дете.
„Не ѝ сум биолошки татко, но ја викам мое дете. И утре, кога ќе имам биолошко дете, Искра секогаш ќе биде мое прво дете“ – изјавил Ковачевиќ за Story.rs.

„Секој од нас посакува да најде мир, па ни јас не сум исклучок. Успеав да си го организирам животот баш онака како што ми одговара. Не дозволувам ништо да ми го попречи времето кое можам да го поминам со семејството“ – дополнил тој.

Саша и Зорана се во врска од 2017 година, но тој сè уште не открива дали планираат да направат свадба.


Искра е дете на Зорана од бракот со Богдан Срејовиќ.