Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Сакам да остарам на спокоен начин“: Моника Белучи за отвори за изгледот и стареењето

„Сакам да остарам на спокоен начин“: Моника Белучи за отвори за изгледот и стареењето

Моника Белучи го краси новото издание на списанието Sunday Times Style.

За декемврискиот број, 57-годишната актерка позираше во креации од различни брендови како Arlington, Giorgio Armani, Nensi Dojaka и Miu Miu.

Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи

Во интервјуто, италијанската убавица отворено зборуваше за возраста, изгледот и стареењето на природен начин.

„Има многу жени кои се чувствуваат слободно да стареат на поразличен начин“.

„Кога сте млади, го имате она што во Франција го нарекуваат La Beauté du diable, убавината на ѓаволот, што е природно, тоа е убавината на младоста, убавината на биолошкиот момент во твојот живот. И животот продолжува. Телото старее и мораме да го прифатиме тоа. Не можеме да направиме ништо. Истовремено, ние сме среќни, бидејќи ако старееме, значи дека сме имале долг живот. Како што опаѓа телото, душата расте“ – рекла таа.

Моника Белучи Моника Белучи

Белучи ги избегнува строгите диети и напорните тренинзи и преферира да ужива во вино и тестенини, со повремени пилатес тренинзи.

„Се разбира дека вежбам малку, малку внимавам на исхраната, но не сум опседната. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш не сум била слаба, таква сум по природа. И сакам да остарам на спокоен начин. Кога имаш 50 или 60 години, ги немаш истите потреби како кога си имала 20. Се менуваш, како кога твоето дете ќе влезе во собата, прво ја гледаш неа. Ти си на второ место. Тоа ни дава различна перспектива“ – рекла таа.

Моника Белучи Моника Белучи

Во врска со движењето #MeToo, Белучи рекла:

„Изодивме долг пат и денес имаме храброст да кажуваме работи, бидејќи има жени кои го направиле тоа пред нас. Но, истовремено, не верувам во војна помеѓу мажи и жени, мислам дека треба да се најде заеднички терен за комуникација. Не сакам да ги учам моите ќерки да бидат полни со омраза, тоа не води никаде. Мораме да најдеме начин да разговараме.“

Моника Белучи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.