Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Рис Витерсун сними фотосесија за InStyle и призна дека ѝ годи што ја помешуваат со ќерка ѝ

Рис Витерсун сними фотосесија за InStyle и призна дека ѝ годи што ја помешуваат со ќерка ѝ

Рис Витерспун сними фотосесија за списанието InStyle.

Младоликата актерка позираше во облека од врвни модни брендови како Долче и Габана, Шанел и Версаче, а во интервјуто зборуваше дека најважни ѝ се децата и дека ѝ годи што луѓето ја помешуваат со нејзината 22-годишна ќерка Ава.

Рис Витерспун Рис Витерспун

„Мојот прв, најважен приоритет се моите деца“ – вели таа.

Запрашана дали ужива во реакциите на луѓето кога ќе ја видат со Ава, Рис одговорила: „Ми се допаѓа што ме мешаат со неа, бидејќи тоа прави да се чувствувам многу млада. Се гордеам со неа, бидејќи се справува со тоа. Сигурна сум дека не е лесно да личиш на твојата мајка“.

Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун

„Ова е чудна ситуација, бидејќи додека растев, јас не бев славна. Таа има искуство кое јас го немав, исто како моите синови. Среќни сме што имаме пријатели кои израснале во Холивуд за да им даваат совети како да се справат. Ава е многу приземна и сака да направи големи нешта во овој свет. Учи и се едуцира за да се пронајде себеси. Големо нешто е да пробуваш разни нешта и да се обидуваш да сфатиш кој е твојот пат“.

Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун

Во септември, Ава го прослави 22-риот роденден.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.