Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Рис Витерспун го очекува своето трето дете

Рис Витерспун го очекува своето трето дете

Рис Витерспун е бремена. Шпекулациите за бременоста на 36-годишната актерка започнаа пред неколку недели, кога таа започна да се појавува на филмските премиери облечена во широки фустани, но сега нејзини блиски ја потврдија веста.

„И двајцата се превозбудени“ – пишува People, цитирајќи близок на Рис.

Рис ВитерспунРис на премиерата на „This Means War“

„Рис е бремена околу 12 недели, но не планира да го соопшти тоа“ – изјавил друг извор за Us Weekly.

Харизматичната ѕвезда пред речиси една година стапи во брак со Џим Тот и уште оттогаш имаше изразено желба да го прошири семејството.

„Би сакала да имам уште деца. Децата се најдобриот дел од мојот ден“ – изјавила таа за списанието Closer.

Рис веќе има две деца, 8-годишниот Декон и 12-годишната Ава, со бившиот сопруг Рајан Филипе.

Рис и Џим заедно со Ава и Декон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11111 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.