Рики Мартин помина низ турбулентен период во кој се соочуваше со обвинение за инцест, а сега, откако тужбата беше повлечена, за првпат јавно проговори за случајот.
Имено, на Рики му се закануваа 50 години затвор, бидејќи неговиот внук Денис Санчез тврдеше дека имале 7-месечна сексуална врска, а по раскинувањето, славниот пејач наводно го демнел и малтретирал.

Бидејќи вчера Денис ја повлече тужбата, 50-годишната музичка ѕвезда се огласи преку видео:
„Денес сум пред камери затоа што навистина треба да зборувам за да го започнам процесот на лекување. Две недели не ми беше дозволено да се бранам, бидејќи следев процедура во која законот ме обврза да не зборувам додека не се појавам пред судија. Фала му на Бог се докажа дека тие тврдења се лажни, но ќе ви ја кажам вистината. Беше многу болно. Беше ужасно за мене, за моето семејство и пријателите. Не му го посакувам ова на никого.
На личноста која ги тврдеше тие бесмислици ѝ посакувам сè најдобро. И се надевам дека ќе најде помош за да започне нов живот исполнет со љубов, вистина и радост и да не повредува некој друг. Сега, приоритет ми е да заздравам од ова. А како? Со музика. Едвај чекам да се вратам на сцена. Со нетрпение чекам да се вратам пред камери и да забавувам.
Им благодарам на сите мои пријатели. Благодарност до сите фанови кои отсекогаш веруваа во мене. Немате претстава колку сила ми дававте со секој коментар кој го пишувавте на социјалните мрежи.“
Адвокатите на Мартин тврдеа дека 21-годишниот Денис има психички проблеми и дека нивниот клиент никогаш не би имал сексуална или романтична врска со негов внук.