Рики Мартин имаше ретко појавување на јавен настан со 15-годишните синови Матео и Валентино.
На премиерата на неговата серија „Palm Royale“, 52-годишниот пејач позираше со пораснатите близнаци кои ги доби во 2008 година со помош на сурогат-мајка. Тројцата носеа црно за настанот во Беверли Хилс.





На настанот беше присутна и Каја Гербер со мајка си Синди Крафорд, татко си Ренди и братот Присли.






Мартин ги доби Матео и Валентино како самохран татко. Откако во 2017 година стапи во брак со Џуан Јосеф, доби уште две деца – ќерката Лусија и синот Рен. Парот се разведе во јули 2023 година по 6 години брачен живот.
