Рајан Гослинг имаше силна поддршка на овогодишното доделување на наградите Оскар, на кое беше номиниран во категоријата Најдобар актер во споредна улога.
На свеченоста во Долби театарот во Холивуд, 43-годишната ѕвезда од филмот „Barbie“ пристигна со мајка си, сестра си и очувот. Тие заедно позираа на црвениот тепих пред фоторепортерите. Неговата сопруга Ева Мендес и ќерките не беа присутни на настанот.








Рајан носеше костум од Гучи во стилот на Кен, кој го надополни со розови чорапи.




Популарниот актер на сцената ја изведе песната „I’m Just Ken“ од „Barbie“ облечен во розов светкав стајлинг.
Ryan Gosling performs "I'm Just Ken" from 'Barbie' at the #Oscars pic.twitter.com/7IRG16oCey
— Deadline Hollywood (@DEADLINE) March 11, 2024







За жал, Рајан не ја освои наградата во категоријата Најдобар актер во споредна улога.